КОНКУРС ЗА МАКФЕСТ 2017

vtoravecer2016                                          

ОПШТИНА ШТИП ВО СВОЈСТВО НА ОРГАНИЗАТОР РАСПИШУВА:

 

                                                              МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС

                                           ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ ЗА 32. ИЗДАНИЕ

                                                 НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЗАБАВНИ МЕЛОДИИ

                                                                           МАКФЕСТ 2017

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Фестивалот МАКФЕСТ 2017 ќе се одржи вo првата недела од октомври  2017  година во Штип, Р. Македонија и ќе презентира вкупно 30 нови забавни мелодии. Во 3. дена колку што е предвидено да трае Фестивалот, ќе се одржат 2 полуфинални вечери, секоја со по 15 композиции и една финална вечер со вкупно 20 композиции, односно по 10 композиции од секоја полуфинална вечер кои ќе бидат избрани по пат на гласање. Предвиден е директен телевизиски пренос на трите фестивалски вечери, а изведувачите ќе настапуваат во живо во придружба на Ревискиот оркестар на МРТВ.

Општина Штип во својство на организатор заедно со Министерството за Култура на РМ во својство на генерален покровител, ќе  доделат седум парични награди и едно признание, односно:

 

  • 1-ва награда во износ од 10.000 евра,
  • 2-ра награда во износ од 7.500 евра,
  • 3-та награда во износ од 5.000 евра,
  • Награда за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра
  • Награда “ДРАГАН ЃАКОНОВСКИ – ШПАТО” за најдобар аранжман во износ од 1.000 евра;
  • Награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра
  • Награда за најдобар сценски настап во износ од 1.000 евраи
  • Признание за најслушана композиција помеѓу два фестивала која ќе им биде доделена на авторите и изведувачите согласно одлука донесена врз основа на претходно изјаснување на 5 национални радио станици;

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Материјалите на Конкурсот задолжително треба да се пратат под шифра.
  • Изборот на композициите што ќе бидат премиерно изведени на Фестивалот на забавни мелодии Макфест Штип – 2017 ќе биде направен од страна на селекциона комисија.

 

УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ КОМПОЗИЦИЈА

Композицијата треба да досега неизведувана. Текстот на композицијата треба да биде на македонски јазик.

На Конкурсот нема да бидат земени на разгледување оние композиции во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства;

Конкурсниот труд треба да ги содржи следните материјали:

  1. Композицијата треба да се достави со испишана мелодиска линија, со испишани хармонски симболи и текст
  2. Текстот за песната треба да се достави испишан со кирилско писмо и отпечатен во еден примерок
  3. Демо снимката од композицијата треба да биде снимена на АУДИО ЦД

Податоците за авторите и изведувачите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен плик

Податоците за секој автор поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

  • Име и презиме на авторот;
  • Вид на дело/дела кое го има изготвено авторот (музика, текст или аранжман);
  • Наслов на композицијата;
  • Адреса;
  • Мобилен телефон;
  • Е-mail;

Податоците за секој изведувач поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

  • Име и презиме на изведувачот;
  • Наслов на композицијата;
  • Адреса;
  • Мобилен телефон;
  • Е-mail;
  1. Секој автор на музика, текст е должен да достави нотарски заверен документ, во кој ќе биде содржано:
  • Изјава дека композицијата е лично авторско дело кое претходно не било изведувано;
  • Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства од надоместот;
  • Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства во случај на евентуално освоена награда

Последен рок за учество на конкурсот е 27 феруари 2017 година.

МАКФЕСТ 2017

                                                                        Организатор:ОПШТИНА ШТИП

No Comments

Comments are closed.