ЈАВЕН КОНКУРС за избор на уметнички директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“ Штип

Blue Background HD 04

logo-os-malo

Oпштина Штип, во својство на носител на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“ – Штип, распишува:

 ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на уметнички директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип

за позицијата:

Уметнички директор – 1 извршител

Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

Да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (ВИИ/1, степен или 180 ЕКТС);

  1. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира;
  2. Да има менаџерски способности;

Кандидатот за избор на директор на Фестивалот треба да достави и своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2018-2019), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

- пријава со кратка биографија;

- мотивационо писмо;

- доказ за завршено високо образование;

- доказ за работно искуство;

- уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

Конкурсот трае 30 дена, сметано од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип  преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

Општина Штип

No Comments

Comments are closed.