92618

 

 

 

 

 

 

 

Денеска во Штип се одржа прес-конференција на “Макфест” на која беа објавени детали за престојниот 29-ти фестивал на забавни мелодии. Макфест годинава ќе се одржи на 5-ти, 6-ти и 7-ми јуни во Домот на културата Ацо Шопов во Штип.

Ќе бидат изведени вкупно 30 композиции, односно по 15 во полуфиналињата.
Системот на гласање ќе биде изведен преку смс пораки. Вкупниот фонд на награди за првите три пласирани изведувачи и за најдобар дебитант и сценска изведба е 50.000 евра. Првонаградениот ќе добие 20 илјади евра.