bojanaЗаврши 30.тото издание на Макфест 2015. Победник на Макфест 2015  е Бојана Атанасовска со изведбата на  композицијата „Диви цветови“,чии автори на музиката и текстот  е Горан Стојановски , а аранжманот го направи Бојана Атанасовска.Второтопласирани се Иле Кикиритков и Панче Илиев со песната „Кој што ме чуе да пејам“, а третото место и припадна на Евгенија Чанчалова со „Миг до вечноста“. Изведувачите беа наградени и парично и беа доделени 10 илјади евра за прво место, 7500 евра за второ и 5 илјади евра за трето место.Покрај првите три места, доделени беа и награди за најдобар дебитант, најдобар сценски настап, најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и најдобра интерпретација, секоја од нив во вредност од по илјада евра.Најдобриот дебитант годинава е Огнен Здравковски, кој се натпреваруваше со композицијата „Те молам врати се“, наградата за сценски настап ја доби Виктор Апостоловски со темата „Ни јас ни ти“, најдобар аранжман има „Како небо и земја“ во изведба на Дарко Илиевски и за најдобрата интерпретација беше награден Ѓоко Танески за песната „Ако љубов е“.Без никакво изненадување, за најслушана песна меѓу два фестивала беше прогласен минатогодишниот хит „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара Тодевска.

pobednici torta