Со кревањето на фестивалското знаме, денеска започнува 32-то издание на  единствениот фестивал на забавна музика “Макфест“.За прв пат ќе бидат отпеани 30 композиции, од македонски и автори и изведувачи од странство.Две полуфинални вечери и едно финале.А до финале и за финале ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот, но и гласовите на публиката во сала.Организаторите по неколкугодишните експерименти со системот за гласање, одлуката и одговорноста за пласманот до финале, но и за наградите ја препуштаа на публиката покрај ТВ екраните и на публиката во сала.Наградите за орвите три позиции од публиката се 5.000, 4.000 и 3.000 евра.