malogo16Општина Штип како организатор на Фестивалот на музика „Макфест“ во рамките на подготовките за реализација на овогодишното издание организира прес конференција на која ќе бидат првите информации за годинешното издание на Макфест Штип 2016, односно ќе бидат објавени композициите со промоција на авторските тимови. Со оглед на тоа дека и оваа година „Макфест“ силно е поддржан и од Владата на Република Македонија, благовремено Ве информираме дека настанот ќе се реализира во Порта Македонија на 30 март 2016 (среда) во терминот од 12.00 до 13.00 часот.