На Макфест имаат дебитирано најпопуларните музички имиња од Македонија и од балканот. Од далечната 1986 до денес Макфест е отскочна даска на многу нови и надежни музички имиња. Затоа наградата за најдобар дебитант е една од најпосакуваните награди помеѓу изведувачите кои за прв пат настапуваат на фестивалот. Годинава токму оваа награда и припадна на младата и надежна Блеа Благица Ѕунѕуровска.