miki-jevremovicПо кратко и тешко боледување почина Мики Јевремовиќ на 75 годишна возраст. Познатиот југословенски и српски пејач на 27 декември имаше мозочен удар , по што беше хоспитализиран во Клиничкиот центар. Состојбата на Мики Јевремовиќ била критична, иако лекарите вложувале максимум да остане во живот. Пејачот Мики Јевремовиќ, беше многу популарен во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век.1986 година учествуваше на првото издание на Фестивалот на забавни мелодии Макфест. Ја пееше песната на Димитар Масевски “Бакни ме, залуди ме“ со која ја освои третата награда на публиката.https://youtu.be/6jYIJ9zAZrQ