Фестивалот на забавни мелодии “Макфест“,во пресрет на неговото 30-то издание организира конференција за печатот, радиото и телевизија. PRESS-от ќе се одржи в среда во 12 часот во Порта Македонија. Ќе биде извршено претставување на учесниците на Макфест 2015, потоа ќе биде извршено извлекување на редоследот за настап во две полуфинални вечери.Присутните ќе бидат информирани за сите актуелности во програмата и организацијата на 30-тото издание на Фестивалот Макфест.Фестивалот ги повикува сите новинари и изведувачи и автори да бидат присутни на закажаната конференција за печатот, радиото и телевизијата.