makfest

 

 

 

 

 

Макфест ќе се одржи на 5, 6, 7-ми јуни во Домот на културата “Ацо Шопов“.

Годинава фестивалот ќе се одржи во јуни, а новитет е што композициите ќе бидат изведувани во живо со Ревискиот оркестар на МТВ.

Македонската радио телевизија пак, за да го занемариме годинашниот пропуст, ветува FULL HD пренос на двете полуфинални и едната финална вечер.

Но најпримамливи се големите награди кои ќе ги добијат победниците:
20.000 евра – прва награда
15.000 евра – втора награда
10.000 евра – трета награда
3.000 евра – најдобар сценски настап
3.000 евра – најдобар дебитант

Основач и организатор на Фестивалот е Локалната самоуправа -Штип,

со градоначалникот Прим.М-р Илчо Захариев,

ilcho-zahariev-od-vmro-dpmne-proglasi-pobeda-vo-shtip-127220

а под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.

Да потсетиме, победник на последното издание на штипскиот фестивал е младата Александра Јанева која од дебитант стигна до победа и блескаво ја започна својата музичка кариера!

На минатогодишното издание првата награда изнесуваше 60.000 денари, втората 45.000, а третата 30.000 илјади денари.