Category: Новости

НАТАША МАЛИНКОВА – Милион причини

natasa

РОБЕРТ БИЛБИЛОВ – Чудни места

robert

ДАНИ ДИМИТРОВСКА – Време

dani

АНТОНИА ГИГОВСКА – Никогаш не вели никогаш

antoniaj

Конкурс за композиции за „Макфест 2019“

makfest 8

ОПШТИНА ШТИП ВО СВОЈСТВО НА ОРГАНИЗАТОР РАСПИШУВА:

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ ЗА 34-ТО ИЗДАНИЕ

НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЗАБАВНИ МЕЛОДИИ МАКФЕСТ 2019

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Фестивалот МАКФЕСТ 2019 ќе се одржи вo првата половина на месец октомври 2019  година во Штип.. Во деновите на одржувањето на Фестивалот предвиден е директен телевизиски пренос на фестивалски вечери. Општина Штип во својство на организатор заедно со Министерството за култура на РМ во својство на покровител, на крајот на натпреварувачката вечер ќе се доделат седум парични награди, односно:

 

  • 1-ва награда во износ од 5.000 евра, во денарска противредност која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови;
  • 2-ра награда во износ од 3.000 евра, во денарска противредност која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови;
  • 3-та награда во износ од 1.000 евра, во денарска противредност која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови;
  • Награда за најдобра вокална изведба во износ од 500 евра во денарска противредност која ќе му се додели на најдобриот изведувач согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда “ДРАГАН ЃАКОНОВСКИ – ШПАТО” за најдобар аранжман во износ од 500 евра во денарска противредност која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар дебитант во износ од 500 евра во денарска противредност која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар сценски настап во износ од 500 евра во денарска противредност која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • На Конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски автори и изведувачи кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се истакнат со својот квалитет, способност и креативност.
  • Еден изведувач или музичка група може да учествува на Фестивалот најмногу со една композиција.
  • Еден автор на музика или текст може да учествува на Фестивалот најмногу со две авторски дела.
  • Еден автор на аранжман може да учествува на Фестивалот најмногу со три авторски аранжмани.
  • Материјалите на Конкурсот задолжително треба да се пратат под шифра.
  • Организаторот нема обврска да им ги врати материјалите на авторите и изведувачите од композициите кои нема да бидат прифатени на Конкурсот.
  • Учесниците на Конкурсот на кои ќе им бидат избрани композициите ќе бидат информирани за исходот најдоцна до 10.април 2019. Организаторот презема обврска најдоцна до наведениот датум да го истакне списокот со имињата на сите примени композиции на интернет страната mk. Организаторот нема обрска поединечно да ги информира оние автори чии композиции нема да бидат примени на Конкурсот.
  • Организаторот го задржува правото заради несоодветни и недоволно квалитетни предлози пристигнати на Конкурсот, да нарача композиции од домашни или странски автори.
  • Организаторот со авторите и изведувачите чии дела ќе бидат избрани на Конкурсот, ќе склучи договор и ќе им исплати надомест во износ од 700 евра, односно нето 43.000 денари. Со склучување на договорот, авторите и изведувачите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернт и друго, како и право организаторот некои од овие права да ги пренесува на трети лица.
  • Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот што ќе биде снимен.
  • Постпродукцијата на сите примени композиции ја реализира организаторот.
  • Изборот на композициите што ќе бидат премиерно изведени на Фестивалот на забавни мелодии Макфест Штип – 2019 ќе биде направен од страна на Селекциона комисија.

 

УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ КОМПОЗИЦИЈА

Авторите се должни да достават оригинални композиции со испишана мелодиска линија и хармонски симболи во духот на македонскиот евергрин – шлагер, во духот на новосоздадената забавна македонска песна. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведувана.Композициите доставени на Конкурсот не треба да се подолги од 3’.15”. Текстот на композицијата треба да биде на македонски јазик.

На Конкурсот нема да бидат земени на разгледување оние композиции во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства;

 

УПАТСТВО ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот труд треба да биде доставен во затворен плик на кој од предната страна ќе биде испишан следниот текст:

ДО ОПШТИНА ШТИП

УЛ. „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ 4В

2000 ШТИП, Р. МАКЕДОНИЈА

 

ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА ЗАБАВНИ МЕЛОДИИ МАКФЕСТ 2019

- КОНКУРС

Конкурсниот труд треба да ги содржи следните материјали:

  1. Композицијата треба да се достави со испишана мелодиска линија отпечатена на А4 формат;
  2. Текстот за песната треба да се достави испишан со кирилско писмо и отпечатен во еден примерок на А4 формат;
  3. Демо снимката од композицијата треба да биде снимена на АУДИО ЦД и треба да се достави во два идентични примерока.

 

ВАЖНО ПРАВИЛО:

На погоре наведените материјали треба да стои само насловот на песната. На ниту еден од нив НЕ СМЕЕ да бидат наведени имињата на авторите или изведувачите. Материјалите на кои ќе биде забележано отстапување од наведеното правило, нема да бидат земени на разгледување.

  1. Податоците за авторите и изведувачите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен плик во стандардна димензија. Ковертот од предната страна треба да има назнака: ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРИТЕ – НЕ ОТВОРАЈ! Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата. Пример:

 

ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРИТЕ – НЕ ОТВОРАЈ!

ШИФРА: МАКФЕСТ 2019

НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: ИГРА

 

Податоците за секој автор поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

  • Име и презиме на носителот на проектот ( авторот/одговорен/лидер);
  • Вид на дело/дела кое го има изготвено авторот (музика, текст или аранжман);
  • Наслов на композицијата;
  • Адреса;
  • Мобилен телефон;
  • Емаил;
  • Предлог од страна на авторот за изведувач на композицијата (конечната одлука ја донесува организаторот).

 

  1. Секој автор /одговорен/лидер на проектот е должен да достави нотарски заверен документ, во кој ќе биде содржано:
  • Изјава дека композицијата е лично авторско дело кое претходно не било изведувано;
  • Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства од надоместот;
  • Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства во случај на евентуално освоена награда, 2. или 3. место;

 

Изјавите од авторите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Ковертот од предната страна треба да има назнака: ИЗЈАВИ ОД АВТОРИТЕ – НЕ ОТВОРАЈ! Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата. Пример:

ИЗЈАВИ ОД АВТОРИТЕ – НЕ ОТВОРАЈ!

ШИФРА: МАКФЕСТ 2019

НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: ИГРА

 

НАПОМЕНА:

Материјалите кај кои ќе бидат забележани недостатоци или неуредна достава, нема да бидат земени на разгледување.

 

РОК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Последен рок за учество на конкурсот е 1. април 2019 година. Во предвид ќе бидат земени материјалите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе содржат валиден поштенски жиг, како и материјалите кои најдоцна последниот ден од конкурсот ќе бидат уредно заверени во архивата на Општина Штип до крајот на работното време.

 

Општина Штип

Бр.09-559/1

29.јануари 2019

МАКФЕСТ 2019

Организатор:

ОПШТИНА ШТИП

ПРИКАЗ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ФИНАЛНАТА ВЕЧЕР НА МАКФЕСТ 2018

FINTABELA18

Победниците на Макфест 2018

makfest-pobeda-750x4301 – ва НАГРАДА НА МАКФЕСТ 2018 – Антониа Гиговска – ,,Никогаш не вели никогаш”

музика и аранжман: Лазар Цветкоски, текст: Магдалена Цветкоска

2 – ра награда Роберт Билбилов – ,,Чудни места”

музика и аранжман: Р. Билбилов, текст: Робин Зимбаков

3 – та награда на Фестивалот – Дани Димитровска – ,,Време”

музика и текст: Весна Малинова, аранжман: Кирил Бабамов

43088505_10155612716422382_2934400709795250176_n

Награда за најдобар дебитант – Мина Блажев – ,,Во други души”

Награда за аранжаман – Роберт Билбилов – ,,Чудни места”

Награда за сценски настап – Пепа – ,,Доцна е”

Награда за најдобра интерпретација – Наташа Малинкова – ,,Милион Причини”

43123237_10155612716987382_3420591347004866560_n

РАСПОРЕД ЗА ФИНАЛНА ВЕЧЕР МАКФЕСТ 2018

RASPORED FINALE

Резултати од втора полуфинална вечер

 

download

 

Во табелата одделно се прикажани по евровизиски систем резултатите од гласањето на публиката, стручната комисија и медиското жири. Во ранг листата се прикажани 10-те песни кои влегуваат во финале.

ФОТОГРАФИИ ОД ПРВАТА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР

43103011_256318861893570_2144723178029580288_n 43114200_235667243974420_6970108163307601920_n 43115276_508306166302528_8401500018648809472_n 43124571_2567667106577086_3135205729556758528_n 43131411_480812345750940_2430475418181042176_n 43131602_2212715898975086_3321626517296906240_n 43134806_250648245638474_5033335877137334272_n 43141198_308075119989923_7335447234080669696_n 43169803_321658228390289_1459168654384955392_n 43177445_304620747037382_557057198161657856_n