All posts on јули 8th, 2019

Објавени изведувачите на „Макфест 2019“

66256942_913513272315744_4244679757314129920_n

Денес во Штип се оддржа првата прес конференција, за фестивалот на музика „Макфест 2019“. На неа беа соопштени изведувачите, кои ќе настапат на трите фестивалски вечери, на 10, 11 и 12 октомври:

– Годинава, фестивалот се совпаѓа со празникот 11 октомври, што ќе биде дополнителен придонес во одбележувањето на денот на македонската револуција. Иако е лето, време на одмори, подготовките си течат, со цел во октомври да имаме уште едне успешен фестивал – кажа Драган Ристов, од прес центарот на Макфест.

1111111111111111

Според уметничкиот директор, Владимир Дојчиновски-Дојчин, познати се учесниците на фестивалот и во тек е финализирање на композициите:

– Благодарност до општината и градоначалникот кои по втор пат му го доверија Макфест и оваа година. Годинава ни се враќаат дел од ланските дебитанти, но и дел од победничките имиња, како што се Мина Блажев и Наташа малинкова, но среќен сум затоа што на фестивалот се враќаат и поранешни победници и реномирани имиња од македонската естрада. Годинава на фествалот ќе ја имаме и Биба Додева, Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, се враќа и Александар Ристовски-Принц, имаме интерсно дуо составено од Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац. На фестиваот ќе настапи и Лена и Бојан Моротови, пинковите ѕвезди мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски ,Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, потоа Игор Узунов, Барбара, Виктор Апостоловски, како и тројца штипски изведувачи. Од авторските тимови, можам да кажам дека се застапени речиси сите, што ќе му даде посебен квалитет на фестивалот – кажа Дојчиновски.

11111111111111112

Во тек се и техничките подготовки за фестивалот. Постојат неколку идејни решенија за изгледот на сцената, а во тек се и останатите активности околу распишување на тендерски постапки за организирање на фестивалот:

– Наградите се 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ, и 1000 евра за трето место, додека техничките награди се по 500 евра поединечно, за најдобар аранжман “ДРАГАН ЃАКОНОВСКИ – ШПАТО” ,најдобар дебитант, вокална интерпретација и сценски настап – напомена Кирил Панајотов, технички директор на Макфест 2019.

Фестиваклот финансиски го реализира Општина штип а истиот е поддржан од Министертсвото з акултура со едне милион денари. За преносот и годинава е задолжена МРТВ а фестивалот ќе се оддржио во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип.