makfest_kemal

Кантавторската ѕвезда на некогашните ју простори-Кемал Монтено почина денес во Загреб на 66-годишна возраст , пренесува порталот „Дневни аваз“. Оваа информација ја потврдил  синот на Монтено, Џани.Сараевскиот кантавтор кој во средината на декември по тригодишно чекање, во загрепскиот клинички центар „Ребро“ бил подложен на трансплантација на бубрегот. Кратко време се чувствувал добро а вечерта наспроти Божиќ добил висока темепратура . Поради здравствените компликации наместо во Шпанија каде требало да замине на краток одмор и да настапи за Нова година, Кемал ги спакувал куферите и заминал повторно во болница.Пред неколку дена Монтено ја напуштил болницата и изјавил дека се чувствува одлично. Веста за неговата смрт одекна го регионот и ги растажи  сите негови обожаватели.Менаџерот на Монтено изјавил дека причината за Монтено е роден 1948 година во Сараево, неговиот татко е Италијанец, а неговата мајка Босанка.Ќе останат незаборавни неговите хитови :“Една ноќ во деќември“, “Душо моја“, Сараево љубов моја“..Негови нумери пееја сите ѕвезди на ју сцената од Тереза Кесовија до Раде Шербеџија.Кемал Монтено ќе остане запаметен и во овие наши македонски простори.1987 година настапи на Фестивалот “Макфест“ со неговата композиција “Кој да ти каже ивана“.тој уште еднаш како автор и изведувач се појави на макфестовата сцена во 1990 година со композицијата “Јас бев твојот поет“, која подоцна ја препеа на српско хрватски јазик под наслов “Вака неможам натаму“ што ја отпеа во дует со Даниела Мартиновиќ.Последен пат на Макфест Кемал Монтено настапи 2010 година како гост во негово шоу.