Јавен конкурс за избор на директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип

Општина Штип, во својство на организатор на

„Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип, распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

 за избор на директор на

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип

за позицијата:

 Уметнички директор – 1 извршител

Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

  1. Да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (ВИИ/1, степен или 180 ЕКТС);
  2. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира;
  3. Да има менаџерски способности;

Кандидатот за избор на директор на Фестивалот задолжително треба да достави: своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2020-2021), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

– пријава со кратка биографија;

– мотивациско писмо;

– доказ за завршено високо образование;

– доказ за работно искуство;

– уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

Конкурсот трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип  преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, (со назнака за Макфест) најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

 

Општина Штип

Бр. 09-212/1

14..01.2020